107.1 Мој живот. Мое радио. 5 FM

A+ R A-

Централни Вести

22 Фев
Е-пошта Печати PDF



Велешката полиција откри уште еден  криминал на бизнисменот бегалец Илија тепев. Додека тој се крие во Бугарија, заработи кривична пријава за злоупотреба на положбата додека директорувал со транспортното претпријатие Транс Велес.

Повеќе...
22 Фев
Е-пошта Печати PDF


22 февруари е светскиот ден на скаутизмот. На денешен ден  извидниците ширум светот медиумски го презентират најмасовното  младинско движење на планетата. Најстар и најмасовен извиднички одред во земјава е велешкиот Димитар Влахов. Годинава прославува 60 години извидништво. Во овој одред во изминатите шест децении поминале преку 40000 членови.

Повеќе...
21 Фев
Е-пошта Печати PDF




58% од македонците умираат од инфаркт или мозочен  удар, а 16% од малигни заболувања. Македонските жени во просек живеат 6 години подолго од мажите, но смртноста од кардиоваскуларни заболувања кај понежниот пол е поголема од  посилниот пол.


 


58% од сите Македонци  умираат од кардиоваскуларни заблувања, а 16% од малигни. Овие два видa заболувања се најчести убијци кај нас и во светот. Стресот е главна причина за високата смртност. Со вакви податоци  излезе општинската организација на Црвениот крст во рамките на светската недела за борба  против срцево - садовните заболувања.

Инфарктите и мозочните удари предизвикуваат  најголема смртност меѓу жителите ширум светот. Она што го загрижува Црвениот крст  е што секоја година возрасниот праг на заболени се намалува. Се почести се инфарктите кај луѓето помегу 30 и 40 годишна возраст.
"Внимавајте на стресот и сочувајте го здравјето" е главното мото со кое ќе се води битката против овој вид заболувања.
Ќе се посетуваат повеќе јавни институции и вработените ќе се запознаваат со штетите и последиците кои ги предизвикуваат овие заболувања, вели претседателот на велешкиот црвен крст Милчо Трајков.

Од сите инвалидизирани лица, 85% отпаѓаат на инвалидитет предзвикан од кардио васкуларните заболувања. Со тоа, овие заболувања имаат и здравствено и економско влијание во општестовто. Затоа е нужно да се елиминираат сите фактори кои доведуваат до инфаркт или мозочен удар.


Интересно е што кај жените, инфарктот најчесто настанува после менопаузата, додека кај мажите опасноста од инфаркт и мозочен удар се јавува после 30 година. Смртноста од двете заболувања е повисока кај жените, отколку кај мажите.

Според потдатоците од црвениот крст, жените во Македонија просечно живеат 75 години, додека македонските мажи просечно живеат 6 години помалку.

СЛУШНИ ГО ЦЕЛ ПРИЛОГ

Игор Смилев

21 Фев
Е-пошта Печати PDF




Амбициозни планови има јавното комунално претпријате Дервен за младинскиот парк. Да стане едно од најубавите катчиња во Велес. Ќе се надоградува за што најголем дел од парите ќе ги одвои општината.

Повеќе...
21 Фев
Е-пошта Печати PDF

 






ВМРО ДПМНЕ најави брзо обесштетување на жителите од велешката населба Поток.

Повеќе...

Страница 1 од 33

Мак Топ 5

Mak Top 5

Посетители

Има 5 гости присутни