107.1 Мој живот. Мое радио. 5 FM

A+ R A-

СДСМ побара од власта да се произнесе дали е за топилница во Велес или не ?

Е-пошта Печати PDF

 



Што содржи писмото од Министерството за животната средина до Метрудхем? Дали топилницата ќе се рестартира на истото место? Ваквите прашања го разбудија велешкиот огранок на СДСМ. Тие јавно побараа од Владата на ВМРО ДПМНЕ да ја  разреши дилемата и да ја смири напнатоста помеѓу велешани.




Велешки СДСМ се сомнева во искреноста на Владата дека е против рестарт на велешката топилница.  Бара од владата да одвои екстра пари за фиторемдијација на земјиштето и јавните површини во Велес.
Бранувањата во јавноста и во велешкиот огранок на СДСМ започнаа откако се објави писмото од Министерството за Животна средина до  Метрудхем. Во него , според СДСМ е нејасно дали ресорното министерство дава зелено светло за рестарт на загадувачот на истото место и со истата технологија. Метрудхем пак, велат дека до нив не дошло никакво писмо
Портпаролот на велешкиот СДСМ Иван Белевски  бара од ВМРО ДПМНЕ да престане да си игра топло- ладно со ова како што вели витално прашање  за здравјето на велешани. Ја повика власта и министерството да и објаснат на јавноста што планира Метрудхем :

 

- "Иако писмото со одговор за намери на Метрудхем, требаше да го добие во понеделникот од страна на Министерството, фирмата Метрудхем се огласи со соопштение дека немале добиено одговор, а од друга страна министерството излегува со соопштение дека дента го испратиле писмото и замислете, поради технички причини не стигнало во понеделникот. Притоа, дека во него е содржан и обемот на студија за влијанието врз животната средина која треба да ја изработи Метрудхем"

Иако писмото е јавно објавено, според Белевски никој со сигурност не знае што содржи тоа и дали во неговата  содржина има скриени намери на Власта. Тој до неа испрати неколку прашања:

- "Заслужуваме да знаеме, дали одобрувањето на писмото за намери од Метрудхем е провокација до велешката јавност или зад сето ова стои нешто друго. Дали Метрудхем бара рестарт на топилницата со стара технолигија на старата локација и луѓе кои се добро познати кога се работи за топилницата. Велат дека имало јавни дебати. Ккави дебати се птребни за здравјето на велешани? Како немате срам да се криете зад дебати, а се работи за чувствата и здравјето на велешани "

Додека пристигнат вистинските одговори на адреса на велешани,  кај јавноста останува дилемата -  дали писмото од министерството за еколигија до Метрудхењм е само препорака до газдите или официјална дозвола за иден рестарт на на топилницата на истото место со истата технологија.

Игор Смилев

Мак Топ 5

Mak Top 5

Посетители

Има 5 гости присутни